Home
Picture Gallery
Napisi vo pecat

 

     
 

PROGRAMA ZA IZGRADBA NA FARMA ZA REPRODUKCIJA I TOF NA NOEVI
Свисслион-Agrar DOO – Ресен

A.1.1  Osnovawe
SWISSLION – AGRAR ДОО Ресен е формирана на 29.09.2006 год. од страна на Концерн СВИССЛИОН – ТАКОВО ДОО Прехранбена индустрија Белград, АГРОПЛОД АД Ресен и ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО увоз-извоз Скопје.
Интензивно се работи и на  натамошниот развој и тоа на оптимализација на работните места и постигнување на поголема искористеност на капацитетите, развој на нови производи на постоечките профитни центри, а и на можноста за инвестирање во нови профитни центри.
A.1.2. Претежна дејност
-          Основна дејност на Свисслион-Аграр ДОО Ресен е 01.13 Одгледување на овошје и грозје, јаткасти растенија и растенија за подготвување на пијалаци и зачини. Друштвото има и подружници односно организациони единици со пределени претежни дејности и тоа фарма за пилиња, трговија на големо и мало, одгледување на јаболки и сл. Друштвото од оснивањето па се до денес бележи континуиран раст и развој.

-          Свисслион Аграр има активен план во 2008 година да биде добиен и сертификат за производство на јаболки ЕУРОГАП како и контиуинирано да ги развива профитните центри за зголемување на ефикасноста и ефективноста на друштвото.

-          Како и да ги стандардизира и другите производни процеси, што воедно ќе значи и подобрување на ефективноста при работењето.

Ноевите се лесни за одгледување, не бараат ангажираност на голема работна сила, еден човек може да одгледува повеќе стотици ноеви. Бидејќи Свисслион е фирма со виоко реноме, и рејтинг со договори со кооперативни односи, приватниот сектор би гледал гаранција и сигурност и би прифаќал ваква соработка. Стојат огромни можности за развивање на овие односи. Бидејќи во Р. Македонија нема фирма која сериозно се занимава со ваква проблематика постои можност и компаративна предност и да се отпочни со оваа дејност што би било голема шанса за развој и доходовност, дотолку Свисслион би бил во состојба да го врши откупот на Ноеви.

Можност за кооперативни односи со Преспа , Македонија

Свисслион Аграр би им давал на кооперантите едномесечни ноеви, по 100 до 150 евра, кои би ги плаќале веднаш или при откупот со камата на истите би им можел да продава и храна од сточната фабрика по пазарна или договорна цена, би можел да го врши здравствениот надзор и осигурувањето. Откупот на ноевите во план е да биде загарантиран. 

Кооперантите би биле должни ноевите да ги продаваат на Свисслион Аграр согласно условите на договорот.