Home
Picture Gallery
Napisi vo pecat

 

Време, број 1355, 03.05.2008
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1384&ArticleID=89948
 

     

„АГРОПЛОД“ ГРАДИ ФАРМА
Преспа ќе биде најголем балкански одгледувач на ноеви

Пеце Стефановски

Во периферијата на Ресен ќе никне една од најголемите фарми на Балканот за производство на ноеви, во сопственост на „Агроплод - Свислион“. Во репроцентарот ќе се одгледуваат ноеви репродуктори, со изградени 45 бокса во кои живеат по три ноеви семејства, а забрзано се подготвува и инкубаторската станица во која од снесените јајца ќе се испилува подмладокот. - Изградивме фарма според европски стандарди и во првата фаза обезбедивме 60 ноеви репродуктори од домашниот пазар. За почеток ќе се произведува по две илјади млади ноеви, а во следната фаза од шест до десет илјади. Наша цел е, покрај обезбедувањето подмладок, да ги гоиме ноевите, кои во еден циклус достигнуваат тежина до 150 килограми. Заради тоа забрзано се подготвуваме за изградба на современа кланица според стандардите ХАСАП и очекуваме од државната администрација ефикасност во завршувањето на потребната документација и другите формалности. Ова е потребно бидејќи месото ќе биде наменето за извоз, а не може живи птици да ја преминуваат границата - вели Анастас Кичеец, директор во „Агроплод“. Во Ресен имаат свои ресурси за производство на храна на ноевите, а дефицитарните компоненти ќе ги увезуваат. Преку корпоративниот систем на „Свислион“, кој е доминантен сопственик на „Агроплод“, ќе ги освојуваат странските пазари. - Во месната индустрија „Митрос“ од Сремска Митровица, што е сопственост на „Свислион“, од ноево месо се произведуваат високофинални преработки кои потоа ќе завршуваат не европските и на други пазари. Пласманот на нашето производство е обезбеден, а за нас оваа инвестиција ќе биде исплатлива бидејќи еден млад ној чини 100 евра, а возрасен над 2.000 евра - рече Душан Спиров, директор на фармата. Во Македонија во моментов има 50 фарми со околу 1.300 ноеви репродуктори, главно во Демир Капија, Кочани и во Велес. - Се покажа дека ова поднебје е погодно за одгледување ноеви. Наша цел е да ги обединиме сите кооперанти во Македонија и со нив да изградиме партнерски однос. Цената на ноевото месо вртоглаво расте на светските пазари, а пласманот ќе се обезбедува преку системот на „Свислион“ - вели Кичеец. Со заокружувањето на инвестицијата од околу два милиони евра, овој балкански центар за репродукција на ноеви и за нивно гоење за само две години може да обезбеди извоз на преку 1.000 тони ноево месо и голема заработка за ситните фармери во Македонија.

Во Ресен отворена голема фарма со ноеви

pece-stefanovski.jpg Пеце Стефановски Коментари (0)   

20.04.2008 19:56
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92084

Во Ресен деновиве започна со производство една од најголемите фарми со ноеви на Балканот во земјоделските погони на „Агроплод Свислајон“.

Целта е преку ноевите репродуктори и инкубаторскиот систем годишно да се испилуваат по 2.000 ноеви, а со нивно гоење да се произведуваат 300 тони месо што се бара на странските пазари.

„Тоа го направивме со цел заокружување на еден процес од производство на јајца, испилување на млади ноеви и товење на ноеви. Тоа е еден цел заокружен процес, меѓутоа остана да го заокружиме процесот со изградбата на кланицата за ноево месо“, изјави Анастас Кичеец, директор на земјоделско производство.

Во Македонија има 50 фарми со ноеви и 1.300 репродуктори. Во „Агроплод“ планираат да ги обединат сите кооперанти и преку системот на „Свислајон“ целокупното производство преку финализирани преработки да го продаваат на странските трпези.

Еден испилен ној чини 100 евра, а возрасните ноеви обезбедуваат заработка од над 2.000 евра.