Trade company for tourism and services export import PRESPA TURIST LTD Resen

  AUTO CAMP KRANI MEDIA COVERAGE
http://www.denicamk.com/; А. ТАСЕВСКИ
 
Home
About us
Tourism
Hotel Kitka
Hotel Pretor

 

Стојан ВИТАНСКИ истакнат туристички работник


АВТОКАМПОТ КРАНИ ЌЕ БИДЕ  ОАЗА НА ЗЕЛЕНИЛО


      l Камперите се гаранција за иднината на Авто­кампот Крани. Се раз­гле­ду­ва мож­носта, покрај обез­бедувањето на кампот со техничка вода за поле­ва­ње и за воведување на со­ларна енергија со цел кам­перите да имаат 24 ча­са топла вода. Воедно се раз­ми­слува во многу скоро време да се изврши и ре­монт на напуштените при­колки од „Охис“ со што значително ќе се зголеми капацитетот на при­колките што ќе се користат.


      Повлекувањето на водата во Преспанското Езеро загрижува, но веста дека НАТО ќе се вклучи во истражувањата за причините што доведоа до „нагло бегање на Езерото“ донесе охрабрување и надеж дека, сепак, Преспанското Езеро, ќе опстои. Уште пред десетина години, тогашниот министер за урбанизам и градежништво Јорго Шундовски, презеде акција, со „обојување на водата“ да ги посочи местата каде таа понира и да предложи експертски план за надминување на проблемот, но до тоа, заради кадровските поместувања во министерството, не дојде. Постои уверување дека сега, со вклучувањето на НАТО во акцијата, ќе бидат преземени најсоодветни мерки за спас на Преспанското Езеро.

      Ако НАТО и државата преземат мерки да се промени целосната слика за Преспанското Езеро и неговата флора и фауна, тогаш се поставува прашањето што треба и што можеме ние да направиме за Преспа? Поточно, што можеме, на микро – план, да направиме за Автокампот Крани и неговата инфраструктура која зафаќа површина од 50 хектари ( 20 хектари се корисна површина)? Можеме многу! Најпрвин ќе се обидеме да обезбедиме техничка вода за полевање зашто сакаме Крани да го претвориме во вистинска оаза на зеленило – ни рече управителот Стојан Витански.

 

Капацитет – 2000 кампери

 

      Автокампот Крани, познат уште како „Бел Град“ – поради бе­лите приколки кои ги има над 400, е едно од најатрактивните мес­та на преспанската ривиера. Дваесетина вили, бунгалови, дис­ко, спортски терени за ракомет, одбојка, кошарка и одбојка на плажа – тоа е сликата што мо­же да се понесе за овој рекре­ативно – туристички комплекс.

      Секоја година организирано летуваат по 200 - 300 ученици, се подготвуваат спортски екипи, а за камперите е обезбедено и медицинска служба, како и рес­торан за исхрана, самопослуга, киоск за весници и друго. Во овој автокамп се одр­жу­ва и традиционалната манифестација „Избор на преспанска убавица“. Ова лето гостите ги забавуваше естрадниот уметник Мишко Крс­тевски, а традиционално се одржуваат и роднокрајните Љу­бански, Брај­чин­с­ки и Дупенски средби. Со еден збор Автокампот Крани беше средиште на многубројни културни збиднувања кои животот го прават по­привлечен и повоз­буд­лив – истакна управникот Сто­јан Витански, човек со голема харизма, човек што го зголе­ми угледот на Автокампот Крани.

      Според зборовите на Витански, Автокампот Крани има 50 ха земјиште од кои 20 ха се корисна површина и 400 кампприколки во кои можат да престојуваат 2000 кампери.

 

Соларна енергија

 

      Камперите се гаранција за иднината на Автокампот Крани. Се разгледува можноста, покрај обезбедувањето на кампот со техничка вода за полевање и за воведување на соларна енергија со цел камперите да имаат 24 часа топла вода. Воедно се размислува во многу скоро време да се изврши и ремонт на напуштените при­кол­ки од „Охис“ со што зна­чително ќе се зголеми капаци­те­тот на приколките што ќе се ко­ристат. Исто така плажата во Кра­ни ќе се доуреди, ќе се донесат лежалки и ќе се догради базенот кај ресторанот. Се разбира, ќе се води сметка и за приоритети – ни рече на крајот од разговорот управникот на Автокампот Крани, Стојан Витански.

      Нема поубаво место за летување, одмор и рекреација. Чистиот воздух што струи од Пелистер и Галичица ја надополнува волшебната убавина на Преспа. Не случајно Преспа е наречена Македонска гиздава невеста. Наскоро во Отешево ќе започне изградбата на туристичкиот комплекс „Аквапура“ според кој Преспа и Преспанското Езеро се идентификувани како најубави предели во светот од цивилизациски, природен и еколошки аспект.

А. ТАСЕВСКИ